Македонија Иванов: На овој свет му требаат лидери

Иванов: На овој свет му требаат лидери

Искористете го слободното време за надоградба на својата личност-им порача Иванов

Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат политиката, економијата, безбедноста и комуникациите и во тој свет се потребни лидери кои ќе знаат да носат одлуки, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, пред учесниците на денешната Конференција за млади лидери, посветена на предизивиците и на можностите за балканското лидерство, која се одржува во Охрид.

– Бидете креативни, создавајте иновативни идеи, не подлегнувајте на доминантните школи што од вас ќе создадат само потрошувачи на идеи, добра и на туѓи мисли, туку искористете го слободното време за надградба на својата личност – им порача Иванов.