Македонија Иванов на годишно обраќање пред пратениците

Иванов на годишно обраќање пред пратениците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе има годишно обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

Иванов редовно при крајот на годината се обраќа пред пратениците, осврнувајќи се на актуелните внатрешни и надворешни случувања во годината што изминува.

Како што вчера најавија пратениците на СДСМ, тие нема да бидат во салата за време на обраќањето на Иванов.