Македонија Иванов му го врачи мандатот за формирање нова влада на Емил Димитриев

Иванов му го врачи мандатот за формирање нова влада на Емил Димитриев

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Емил Димитриев.

Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот беше избран од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за премиер на преодната влада.

Во петокот, Никола Груевски ја депонираше својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а денеска таа беше констатирана во законодавниот дом.

Се очекува Собранието вечерва со просто мнозинство да ја изгласа новата влада, која за премиер ќе го има Димитриев.