Македонија Иванов го свика Советот за безбедност, повикани и Заев, Ахмети и Тачи

Иванов го свика Советот за безбедност, повикани и Заев, Ахмети и Тачи

За денеска во 17 часот, претседателот Ѓорге Иванов свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав.

Тој на седницата ги повика и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Поради сериозноста на полициската акција во Куманово, Иванов ја прекина посетата на Москва, каде присуствуваше на прославата на 70-годишнината од победата над фашизмот.