Македонија Иванов го разреши Агрон Буџаку од функцијата амбасадор во Франција

Иванов го разреши Агрон Буџаку од функцијата амбасадор во Франција

Агрон Буџаку, амбасадор на Македонија во Франција, со указ од македонскиот претседател Ѓорге Иванов е разрешен од функцијата.

Неговата функција како амбасадор во Француската Република завршува заклучно со 4 декември оваа година.

Буџаку за македонски амбасадор во Франција е именуван во 2009 година, откако претходно беше министер за транспорт и врски.