Главна секција Иванов „го охрабрува“ Заев да го објави нацртот на договорот за името

Иванов „го охрабрува“ Заев да го објави нацртот на договорот за името

Во недостиг на клучни документи, а за обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот Ѓорге Иванов го охрабрува премиерот Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите, информираат од кабинетот на Иванов.

„Ставот на претседателот Иванов дека не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес е основен непроменлив принцип, што е во согласност со утврдената правна рамка за водење на разговорите за разликата околу името во рамките на Обединетите нации и во никој случај не е насочен против интеграцијата на Македонија во Европската унија и во НАТО. Претседателот Иванов укажува на потребата од постигнување на национален консензус за надминување на разликата околу името и изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ и граѓаните“, се вели во соопштението.