Македонија Иванов: Да си помагаме еден на друг и да ги почитуваме семејството...

Иванов: Да си помагаме еден на друг и да ги почитуваме семејството и блиските

Претседателот Ѓорге Иванов им го честиташе христијанскиот празник Воскресение Христово – Велигден на сите православни христијани во Македонија, како и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Македонија.

„На овој значаен ден, сите христијани се присетуваат на Христовото жртвување за спас на човештвото. Чествувањето на Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и ја симболизира богатата македонска традиција, која години наназад нè учи на заедништво, да си помагаме еден на друг и да ги почитуваме семејството и блиските. Нека овој празник вдахнува добра мисла, мир и спокој на сите верници, да побараме милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и за слабите. Честитајќи ви го овој голем христијански празник, ви посакувам добро здравје и духовен мир“, пишува во честитката на Иванов.