Македонија Итната помош за Нова година имала 172 интервенции

Итната помош за Нова година имала 172 интервенции

Службата за итна медицинска помош во Скопје, вчеравечер, за време на прославата на Нова година, интервенирала по повик и им укажала лекарска помош на 137 лица, а во пунктовите на итната помош биле извршени 172 прегледи.

Според информациите, во пет случаи причина за интервециите била несовесната употреба на алкохол. Лицата, од кои четворица биле малолетници, биле префрлени на Клиниката за токсикологија.

Итната помош, интервенирала и кај пет лица кои настрадале во сообраќајна несреќа, а шестмина се јавиле по тепачка на јавно место, од кои двајца биле малолетници.

Во пет случаи итна медицинска помош била пружена по падови поради замрзнатите улици, во кои лицата се здобиле со скршеници, а во населбата Ѓорче Петров, десетгодишно дете било повредено од петарда.