Свет Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради кризата во Јемен

Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради кризата во Јемен

Советот за безбедност на ОН денеска зад затворени врати расправаше за кризата во Јемен, каде шиитските бунтовници ја презедоа претседателската палата во Сана.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, изрази сериозна загриженост, повикувајќи ги сите страни во земјата да ги прекинат борбите и да ги преземат неопходните чекори за враќање на легитимитетот и на авторитетот на владините институции.

Шиитските бунтовници од милициската група Хути се обидува да го собори претседателот Абдрабух Мансур Хадиј, кој е сојузник на САД во борбата против Ал Каеда.