Македонија Истражување: Македонија има најлош здравствен систем во Европа

Истражување: Македонија има најлош здравствен систем во Европа

Македонија има најлош здравствен систем во Европа, а Франција има најдобар, пишува „Бизнис Инсајдер“, објавувајќи ги резултатите од  истражувањето на српскиот независниот истражувачки центар „Нумбео“. Франција е на врвот на листата со 82,58 поени, а Македонија е на дното со 35,12 поени,

„Нумбео“ ги комбинира локалните податоци со уникатниот Индекс на здравствена заштита, при што се добива единствена мерка за состојбата на здравствениот систем на секоја земја.

По Франција, европски земји со најдобар здравствен систем се Малта, Данска, Австрија и Кипар. На последните пет места во Европа, пред Македонија, се Исланд, Романија, Белорусија и Украина.

На светско ниво Јапонија има најдобар резултат со 87,07 поени, а потоа следат Бахреин и Тајван кои и претходат на Франција.

Македонија е на 100 место, а зад неа се само Виетнам, Ирак, Монголија, Азербејџан и Хондурас на последното место.