Македонија Истражувачки тим: СФОР намерно ја криеле локацијата на падот на „кингерот“

Истражувачки тим: СФОР намерно ја криеле локацијата на падот на „кингерот“

Денеска, на прес-конференција, претставник на експертскиот тим што го истражуваше падот на авионот во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговиот тим, детално ги презентираше резултатите од двегодишната работа на случајот и, како дел од заклучоците, наведе дека авионот бил најден 25 часа по падот.

– Авионот е пронајден многу порано. Докажано е дека авионот не е најден како што пишува во првиот извештај, односно постои сомнеж дека е многу порано најден од СФОР. Не е јасно зошто СФОР намерно потрагата ја пренасочиле на друго место. СФОР во првиот извештај тврдеа дека авионот го нашле со помош на уредот „и-ел-ти“, но уредот бил исправен, но исклучен, не зрачел. Патниците починале на самото место, никој не го преживеал падот – заклучил експертскиот тим.

Новиот извештај за падот на „кингерот“ во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација, босанскиот истражител Омер Кулиќ им го предаде на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на обвинителот Марко Зврлевски.