Македонија Истрага за 81 годишен маж кој вршел полови дејствија врз деветгодишно девојче

Истрага за 81 годишен маж кој вршел полови дејствија врз деветгодишно девојче

Осомничениот, искористил прилика во која деветгодишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал, соопштија од Обвинителството

Фото: Мета.мк

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, донел наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години, соопштија оттаму.

„Осомничениот, искористил прилика во која деветгодишното девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото“, наведено е во информацијата од Обвинителството.