Свет Историска средба: Обама и Кастро ќе се ракуваат во Панама

Историска средба: Обама и Кастро ќе се ракуваат во Панама

Американскиот претседател Барак Обама денеска замина на кратка турнеја во Средна Америка, во рамки на која в петок и в сабота ќе учествува на самитот на Јужна и на Северна Америка во Панама.

На самитот би требало да се сретне со челниците на 34 држави, меѓу кои и со кубанскиот претседател Раул Кастро. Обама денеска слета во Јамајка. Двајцата претседатели би требале да се ракуваат пред фотографите, што ќе претставува прво поздравување на американски и на кубански претседател во последните 60 години.

Куба уште во 1962 година е исфрлена од Организацијата на американски држави, откако Фидел Кастро ја урна демократијата. САД и Канада уште во 1994 година инсистираа Куба да не биде поканета на тогашниот самит. Минатата година по телефонскиот разговор меѓу Обама и Кастро, односите меѓу двете земји се подобрени.

САД и Куба се во четвртиот круг од преговорите за обнова на дипломатските врски. Се очекуваше дека дипломатските односи ќе бидат воспоставени до самитот во Панама, но се почна со барање на Куба до Вашингтон да биде тргната од листата на земји кои поддржуваат тероризам.