Хроника Истепал таксист сред улица

Истепал таксист сред улица

Околу 22 часот, вчера, во Скопје, на улица Метрополит Теодосиј Гологанов, додека С.М. управувал такси-возило „киа сид“ со скопски регистарски ознаки, патот му го пресекол Д.Ц. (31) од Скопје. На ова реагирал таксистот, по што Д.Ц. се стрчал кон возилото и со тупаница удрил и го скршил ветробранското стакло. Откога С.М. излегол од возилото, физички бил нападнат со удари со раце во пределот на главата и по телото. Потоа Д.Ц. се обидел физички да го нападне и патникот кој се превезувал во возилото, но тој успеал да избега. На местото на настанот интервенирано е од полициски службеници, при што Д.Ц., кој давал активен отпор, е приведен во полициска станица и по целосно расчистување на настанот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.