Економија Исплатени субвенции за лозарите

Исплатени субвенции за лозарите

На 13.767 лозари денеска им се префрлени 396 милиони денари, со што целосно се завршени обврските за субвенции за оваа мерка.

Најголема исплата има во Кавадарци, со 4.615 корисници, на кои им се исплатени субвенции во висина од 161 милион денари. Втора на листата е општина Неготино со 3.000 корисници, на кои им се исплатени 114,5 милиони денари, а трета е Гевгелија, каде на 1.034 корисници им се исплатени 24 милиони денари. Субвенции им се исплатени и на лозарите од Валандово, Струмица, Свети Николе, Велес, Радовиш, Штип итн.