Свет Исламска држава користи хемиско оружје при нападите

Исламска држава користи хемиско оружје при нападите

Ирачките власти до „Би-Би-Си“ доставиле снимки со кои, како што тврдат, се докажува дека џихадистите на Исламска држава во своите напади користат хемиско оружје, односно бомби со хлор.

Снимките прикажуваат детонација на бомби по кои во воздухот се крева облак од портокалов гас. Наводно, бомбите содржат мали концентрации на хлор и на отворен простор не се смртоносни.

Експертите велат дека џихадистите веројатно ги користат за застрашување, а не за убивање.

Од минатата година се појавија низа информации за хемиско оружје во рацете на ИД, но ова е прв конкретен доказ за негово постоење.