Свет Свет ИД нападна хотели во Багдад

ИД нападна хотели во Багдад

Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападите со автомобил-бомба пред два хотела во Багдад.

Ирачките власти соопштија дека во два одделни напади во хотелите „Иштар“ и „Бабилон“ загинале најмалку 10 лица, а дузина биле повредени.

Безбедносните сили соопштија дека пронашле уште еден автомобил-бомба на паркиалиштето на хотелот „Бабилон“, при што експлозивната направа била детонирана.