Свет ИСИС има 200.000 борци

ИСИС има 200.000 борци

ИСИС има повеќе од 200.000 борци, соопшти кабинетот на лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани, а бројката е шестпати поголема од таа што ја соопшти ЦИА.

Тој наведе дека големиот број борци ѝ овозможува на милитантната организација да војува на повеќе различни воени полиња.

Според Барзани, претходната процена на американските разузнавачи дека ИСИС има 31.500 борци се однесувала на јадрото.