Македонија Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан

Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан

Отпадот, кој бил составен предоминантно од облека, бил собран во рамките на хуманитарна акција за помош на жртвите од земјотресот во Турција

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Во текот на последните неколку дена, тимовите на ЈП Комунална хигиена-Скопје исчистија приближно 25 кубни метри отпад од Капан Ан во Старата скопска чаршија.

Според изјавата на в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, вработените излегле на терен по пријава од граѓаните, кои се пожалиле дека голема количина отпад го пречи движењето на луѓето околу Капан Ан и го нарушува нормалното функционирање на околните ресторани и продавници.

Отпадот, кој бил составен предоминантно од облека, бил собран во рамките на хуманитарна акција за помош на жртвите од земјотресот во Турција, но за жал останал одложен во објектот неколку дена по завршувањето на акцијата.

Сепак, вчера отпадот бил целосно отстранет и транспортиран од страна на екипите на ова јавно претпријатие.