Македонија Исчезнат Французин пронајден на граничниот премин Богородица

Исчезнат Французин пронајден на граничниот премин Богородица

Младиот Французин во својата земја се водел како исчезнат уште од март годинава

Фото: МВР

Човек кој во Франција бил пријавено за исчезнат, македонските полициски службеници го пронашле на граничниот премин Богородица кон Грција.

Полицајците и припадниците на ФРОНТЕКС го затекнале 21-годишниот С.И. при илегален влез на територијата на земјава, при што тој дал лажен исказ за личните податоци.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека по дополнителни проверки, во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, денеска добиле потврда од француските власти дека станува збор за нивни државјанин кој во својата земја се води како исчезнат од 11 март годинава.

Младиот Французин сега ќе биде предаден на семејството, согласно законските регулативи, велат од МВР.