Свет Европа Ирска ќе прими 4.000 бегалци

Ирска ќе прими 4.000 бегалци

Ирска денеска соопшти дека ќе прифати дополнителен број бегалци, односно околу 4.000.

Министерката за правосудство, Франсис Фицџералд, рече дека Даблин прифати околу 2.900 бегалци повеќе отколку што беше планирано.

– Сите бевме шокирани и вознемирени од глетките од Јужна и од Централна Европа и од тешките сцени за време на спасувањето мигранти во Средоземно Море. Исправно е како нација да направиме сè што можеме – реле Фицџерлад.

Ирска претходно најави дека ќе прими 600 лица, додека 520 се прифатени.

Ирска има популација од околу 4,6 милиони лица и е членка на ЕУ, но нема потпишано план за квоти за прием на бегалци.