Македонија Ирена Ристиќ: Зошто сум неподобна да бидам претседател на синдикатот на Драмски?

Ирена Ристиќ: Зошто сум неподобна да бидам претседател на синдикатот на Драмски?

Актерката Ирена Ристиќ, која вчера беше прогласена за неподобна да биде претседателка на синдикалната организација на Драмскиот театар, денеска во 13 часот до СОНК ќе поднесе барање да ѝ се достави записник од седниците на кои била избрана за претседател на синдикатот, како и од таа седница на која се решавало да се поништи нејзиниот избор. Бара и примерок од писмената одлука на СОНК, со правно обрзложение за поништувањето и со точни забелешки за кршење на Статутот.

– Досега во моето активно членство во СОНК  немало на дневен ред на СОНК и на синдикалната организација точка за мое исклучување поради непочитување на одлуките на СОНК и на Статутот. Не се приложени никакви докази за кршење на Статутот од моја страна, напротив, не може да се избегне впечатокот дека се верувало само на збор на четворицата членови кои поднеле приговор – пишува во барањето на Ристиќ.