Свет Свет Иран и САД со различни информации за дроновските напади во Ирак

Иран и САД со различни информации за дроновските напади во Ирак

Иранската револуционерна гарда соопшти дека во американски напад со беспилотни летала во Ирак се убиени двајца советници на елитата на вооружената формација.

Од друга страна, САД наведуваат дека биле нападнати само екстремистите.

Револуционерната гарда, која советодавно и тактички ѝ помага на ирачката војска во борбата со Исламска држава, соопшти дека нападот се случил на 23 март, неколку дена откако коалициските сили предводени од САД почнаа воздушни напади како поддршка на ирачките сили против џихадистите во Тикрит.

Американската амбасада во Багдад соопшти дека меѓународната коалиција гаѓала само сили на Исламска држава.