Свет Ирак демантира: Не сме извршиле воздушен напад врз ИСИС

Ирак демантира: Не сме извршиле воздушен напад врз ИСИС

Иран нема извршено воздушни напади против џихадистите на Исламска држава (ИСИС) во Ирак, тврди денеска ирански претставник, демантирајќи го соопштението на Пентагон.

Пентагон денеска соопшти дека официјален Техеран извршил воздушни напади против ИСИС, но дека тие не се координирани од САД.

– Иран никогаш не бил вклучен во ниту еден воздушен напад против Исламската држава во Ирак. Секоја соработка со САД во такви напади, исто така, не доаѓа предвид – рече претставникот на Иран, кој побара да остане анонимен.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери, денеска во Брисел изјави дека борбата на меѓународната коалиција на чело со САД против џихадистите од Исламска држава би можела да потрае со години.

Кери, на состанокот на членките на коалицијата во Брисел, наведе дека ќе се ангажира онолку колку што ќе биде потребно за да се победат терористите.