Свет Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

Ирак почна воена акција за заземање на родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава, јавува ирачката телевизија.

Локалните медиуми известуваат дека вооружена воена пешадија почнала да продира во седиштето на градот, додека од воздух е поддржана од воени борбени авиони.

Тикрит се наоѓа 150 километри од главниот град Багдад, а радикалните исламисти го зазедоа во јуни минатата година.
Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади во пресрет на акцијата се сретна со лидерите на нападите во провинцијата Салахудин, каде се извршени последните подготовки.

Ирачката телевизија, исто така, извести дека милитантите се истерани од некои делови околу Тикрит, но засега нема официјална потврда.