Свет Свет Ирачката армија најави акција за враќање на Рамади

Ирачката армија најави акција за враќање на Рамади

Ирачката армија денеска најави операции за враќање на градот Рамади, кој е под контрола на Исламска држава, и ги повика цивилите да го напуштат градот преку неговиот јужен кварт Химајра.

Засега не се знае кога точно ќе ја почне операцијата на враќање на контролата во главниот град на провинцијата Анбар.

Во меѓувреме, коалицијата, предводена од САД, во саботата изврши седум напади врз Исламска држава во близина на Рамади.