Економија Инвеститорите со хуманитарен настан ќе одбележат 10 години од основањето на Советот

Инвеститорите со хуманитарен настан ќе одбележат 10 години од основањето на Советот

Советот на странски инвеститори при Стопанска комора прославува 10 години од постоењето во Македонија, и по тој повод ќе организира хуманитарен настан во Градски парк, на 5 јуни.

Граѓаните ќе имаат можност да вкусат храна која е традиционална за земјите од каде што доаѓаат странските инвеститори.

– Македонците ќе можат да вкусат од автентичната храна на повеќе од 10 земји. Храната ќе се продава по симболична цена, а парите кои ќе се соберат ќе бидат дадени на народните кујни – изјави претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Штефан Петер.

Според него, бројот на членови на Советот постојано се зголемува.

– Странските инвеститори се интегрираа во македонското општество, а  помагаат и во интернационализација на локалната култура. Храната е најдобар начин преку која може да се запознае одредена култура, а токму затоа прехрабената индустрија е најголема во светот – додаде Петер.