Забава „Интервју“ викендов заработи 18 милиони долари

„Интервју“ викендов заработи 18 милиони долари

„Сони пикчерс“ велат дека нивната комедија „Интервју“ за убиството на Ким Јонг Ун заработи повеќе од 15 милиони долари преку интернет-продажба и 2,8 милиони долари во кината. Публицитетот за филмот порасна откако „Сони пикчерс“ беа нападнати од хакери, за кои САД обвинија дека се од Северна Кореја. „Сони“ претходно го повлече „Интервју“ откако хакерите им украдоа повеќе податоци, сè уште неиздадени филмови, како и личната коресподенција меѓу првите луѓе на компанијата. Хакерите се заканија дека ако се прикаже филмот, ќе бидат извршени и терористички напади.

Комедијата во првиот викенд заработи речиси исто толку пари преку интернет-дистрибуција и во лимитираниот број на кина како што би зараобтила доколку објавувањето не беше одложено по заканите од хакерите.
Во неделата од „Сони пикчерс“ рекоа дека филмот бил купен преку интернет или изнајмен повеќе од два милиони пати за четри дена, што го прави број еден филм на „Сони пикчерс“ на сите времиња.