Култура Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

На фестивалот ќе учествуваат тетарски трупи од Бразил, Франција и од Македонија

Од 24 до 26 ноември, во Младинскиот културен центар во Скопје, во организација на здружението „Сенки и облаци“, ќе се одржи вториот Интернационален детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. На овој фестивал ќе учествуваат тетарски трупи од Бразил, Франција и од Македонија.

На фестивалот ќе има и работилници каде дечињата ќе може да дојдат да прават фигури и да играат зад платно, да подготвуваат кратки сцени, а на затворањето на фестивалот ќе одиграат кратка презентација на сцените што ќе ги сработат.