Технологија Гаџети „Инстаграм“ лансира апликација за фотоколаж

„Инстаграм“ лансира апликација за фотоколаж

Сервисот за споделување фотографии „Инстаграм“ лансира нова апликација за фотоколаж, наречена „лејаут“, која овозможува комбинирање на повеќе фотографии на иста слика.

Апликацијата е наменета за оперативниот систем на „Епл“, а наскоро ќе биде достапна и за „андроид“.

Играјќи на „картата“ на голема едноставност, уредот овозможува комбинирање на повеќе фотографии во иста слика, со однапред одредени шаблони. После обработката, фотографијата може да се сподели на „Инстаграм“ или на „Фејсбук“.

За неколку месеци ќе се дознае дали стратегијата за фрагментација на апликацијата е добра.

„Инстаграм“ во декември објави дека има 300 милиони активни корисници месечно и оти за девет месеци нивниот број се зголемил за 50 отсто. Околу 70 отсто од корисниците на „Инстаграм“ живеат надвор од САД, а досега се објавени повеќе од 30 милијарди фотографии, односно 70 милиони дневно.