Дописници Иницијативата „Социјална правда сега!“ го продолжува својот карван во Битола и во...

Иницијативата „Социјална правда сега!“ го продолжува својот карван во Битола и во Прилеп

Вестите за социјална (не)правда во својот град, битолчани ќе имаат можност да ги гледаат во живо кај Офицерскиот дом, пред споменикот на Стив Наумов, на 17 јуни со почеток во 20.30 часот, а прилепчани на 18 јуни на Камена бина спроти „Реклами“ со почеток во 20 часот.

„Ги покануваме сите граѓанки и граѓани во Битола и во Прилеп, како и локалните медиуми, да дојдат и да ја искористат можноста за споделување свои мислења, ставови и лични искуства и неправди преку отворен микрофон – велат од „Цивил“.

„Социјална правда сега“, чии членки се „Цивил“, “Македонска платформа против сиромаштија“, активисти за човекови права и експерти, е иницијатива на организации на граѓанското општество засегнати со сè поголемите проблеми во сферата на социјалната правда во Македонија.

Активностите на иницијативата се состојат во зајакнување на јавната свест и застапување на работничките права, синдикализмот, подобрување на легислативата за нивна заштита и нејзина доследна имплементација.

Иницијативата е поддржана од Фондација „Фридрих Еберт“.