Економија Индустриското производство зголемено за 0,8 отсто

Индустриското производство зголемено за 0,8 отсто

Индустриското производство во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период лани, е зголемено за 0,8 отсто. Во април годинава, споредено со април лани, индустриското производство е намалено за 0,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, производството во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемено кај сегментот енергија за 5,9 проценти, кај  капиталните производи за 9 проценти и кај сегментот трајни производи за широка потрошувачка за 8,9 проценти. Опаѓање има кај интермедијарни производи, освен енергија, за 0,7 отсто и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 5,7 проценти.