Економија Индустриското производство до ноември годинава поголемо за 3,4 проценти во однос на...

Индустриското производство до ноември годинава поголемо за 3,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во ноември во однос на истиот месец лани бележи намалување за 4,9 процени, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Во првите 11 месеци од годинава, пак, производството е поголемо за 3,4 проценти во однос на истиот период лани.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во истиот период, бележи опаѓање од 16,8 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 21,6 проценти.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на хемикалии и хемиски производи и друго.