Свет Индија првпат именуваше трансродно лице за директор на училиште

Индија првпат именуваше трансродно лице за директор на училиште

Индија првпат именува трансродно лице за директор на женско средно училиште.

Манабо Банерџи раководи со Женскиот колеџ во Крипнагар, во источната индиска држава Западен Бенгалж.

Според наводите на локалните власти, Банерџи ќе ја преземе должноста на 9 јуни. Индиските трансродни активисти ја поздравија одлуката, наведувајќи дека тоа е ден на гордоста на нивната заедница, која вообичаено се соочува со дискриминација. Врховниот суд на Индија минатата година ги прогласи трансродните лица и официјално за трет пол и им додели малцински права и право на оразование, вработување и на здравствено осигурување.