Македонија „Имри Елези“ во Чаир отвори нова паралелка – решен е проблемот прекубројните...

„Имри Елези“ во Чаир отвори нова паралелка – решен е проблемот прекубројните ученици

Во основното училиште „Имри Елези“ во населбата Дижон во Општина Чаир, се отвори нова паралелка во прво одделение, и на тој начин, се реши проблемот со надминување на бројката на максимум дозволен број на деца во една паралелка.

За овој проблем, порталот „Порталб.мк“ имаше неколку последователни написи.

Имено, во прво одделение беа запишани 108 ученици кои учеа во три паралелки, и на тој начин го надминаа максимално дозволениот број на ученици во една паралелка, според Законот за образование.

„Веднаш штом е дадено одобрение од Општината, ја поделивме паралелката, сега е во функција и редовната настава се одвива“, изјави за „Порталб.мк“, директорката на училиштето Мерита Коџаџику.

Во однос на постапката за огласување на конкурсот за вработување на наставничка, од Општина Чаир рекоа дека изборот спаѓа под надлежност на училиштето.

„Овој пат, не беше потребно да се огласи конкурс за вработување, бидејќи имавме наставничка, која две години беше замена и откако ги исполни сите потребни услови, решението за рабољта и беше доделен нејзе“, рече Kоџаџику.

Инаку, основното училиште „Имри Елези“ оваа учебна година ја започна со кршење на законот, бидејќи 108 ученици од прво одделение беа поделени во три паралелки, и сите три го надминуваа максималниот број, 34 ученици во паралелка. Согласно законот на Министерството за образование и наука, минималниот број ученици во еден клас е 24, а максималниот 34, но паралелки може да се формираат и со помал број ученици доколку се исполнат условите.