Македонија Илми Селами е новиот заменик-министер за одбрана

Илми Селами е новиот заменик-министер за одбрана

По оставката на  Арбен Лабеништа од ДУИ, на денешната пленарна седница, Собранието го именуваше Илми Селами за нов заменик-министер за одбрана.

Селами има завршено политички науки на Правниот факултет, бил член, а потоа и претседател на Комисијата за спречување на корупцијата, а од 2008 година е на различни позиции во Министерството за одбрана.

– Селами веќе шест-седум години е во ова министерство и прилично добро го познава. Од 2013 година е упатен на работа во Меѓународната организација Центар за безбедносна соработка во Загреб, Хрватска – кажа премиерот Груевски во обраќањето пред пратениците.