Хроника Илегално пренесувал четворица мигранти

Илегално пренесувал четворица мигранти

На 30 ноември годинава, во 17.30 часот, на патниот правец Гевгелија – Скопје, во близина на наплатната рампа Градско, од полицијата е сопрено патничко возило „мерцедес“, управувано од И.П. (36) од Скопје, во кое тој  превезувал четворица мигранти, државјани на Авганистан.

Мигрантите се предадени во Прифатен центар за странци – Скопје, а по документирање на случајот, против И.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.