Ctrl - Z Играта The Falconer е бесплатна на Epic Games уште денеска

Играта The Falconer е бесплатна на Epic Games уште денеска

Тhe Falconer скриншот од Epic Games

Денеска е последен ден да ја набавите бесплатно играта The Falconer на сервисот на Epic Games. Станува збор за игра квалификувана како истражувачка, со симулирано летање преку огромна водна површина на која има повеќе острови. Играта е квалитетна и во редовна продажба чини 20 евра.

Светот во играта е квалитетно сработен, како да е потопена планета слично на книгата на Балард – „Потопен свет“ и филмот „Waterworld“ со Кевин Костнер што повозрасните генерации го паметат како своевремен филмски хит со еколошки предупредувања за климатски промени низ призма на брутална научна фантастика. 

Летањето, пак, на џиновски сокол потсетува на книгата од Урсула Кребер Легвин наречена „Земјоморие“ каде сетингот е на острови и волшебници, а протагонистот има надимак SparrowHawk кому див сокол му слетува на раката како дете. Своевремено Кристофер Паолини направи успех со својот серијал книги „Ерагон“ имитирајќи го системот за замислената магија што оригинално го срочи Урсула Легвин.