Македонија ИДСЦС и Фондацијата „Конрад Аденауер“ изготвија прирачник за претседателските избори

ИДСЦС и Фондацијата „Конрад Аденауер“ изготвија прирачник за претседателските избори

Избори

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Скопје секоја изборна година подготвуваат прирачници за избори, па така, и годинава е подготвен „Прирачник за претседателските избори во Република Македонија 2019 година“

Изданието на Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик.

Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2019 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем и информации за кандидатите.

„По завршувањето на изборите ќе подготвиме второ, финално, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите и информациите за кампањата и изборниот процес. Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори може да се најдат на веб-страницата http://izbornaarhiva.mk/“, изјави Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС.