Свет Европа Идентификувани тројцата напаѓачи на „Шарли eбдо“

Идентификувани тројцата напаѓачи на „Шарли eбдо“

Француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека тројцата напаѓачи осомничени за масакрот во редакцијата на неделникот „Шарли eбдо“ се идентификувани, но сè уште не се уапсени.

Според медиумите, станува збор за браќата Саид К., роден 1980 година, и Шериф К., роден 1982 година во Париз, и за Хамид М., роден во 1996 година.

За браќата е утврдено дека се француски државјани и дека имаат алжирско потекло, а летово се вратиле од боиштата во Сирија. Постариот брат веќе бил осуден за териоризам во 2008 година.

Третиот осомничен е 18-годишен студент.