Свет Европа Идентификувани сите жртви на нападот во Париз

Идентификувани сите жртви на нападот во Париз

Идентификувани се сите 129 жртви на терористичкиот напад во Париз, соопшти француската влада.

„Идентификувани се сите тела на убиените 129 луѓе. Повеќе од 100 семејства се во можност да ги земат телата на своите блиски во форензичарскиот институт“, се наведува во соопштението.

Со соопштението се истакнува дека во болница се и 221 лице и дека меѓу нив има многу со тешки повреди.