Свет Свет Идентификуван третиот напаѓач од Париз

Идентификуван третиот напаѓач од Париз

Француската полиција го идентификувала третиот бомбаш-самоубиец што учествувал во 13-ноемвриските напади во париската концертна сала „Батаклан“, јавуваат француските медиуми, а пренесува „Би-Би-Си“.

Повеќето медиуми не го наведуваат името на напаѓачот, но весникот „Ле Паризиен“ го идентификувал како Фоуад Мохамед Агад од Стразбург.

Според пишувањата на весникот, кој се повикува на „доверливи извори“, напаѓачот е Французин кој се вратил од Сирија.
Нападот на „Батаклан“, во кој загинаа 90 лица, бил дел од терористичката акција во Париз, за кој одговорност презеде Исламска држава, а во која загина 130 лица.

Масакрот во „Батаклан“ го извршија три лица, од кои две претходно беа идентификувани како француски државјани – Омар Исмаил Мостефаи (29) и Сами Амомоу (28).