Свет ИД во близина на турската граница уби 29 бунтовници

ИД во близина на турската граница уби 29 бунтовници

Милитантите на Исламска држава во бомбашки напад во близина на турско-сириската граница убиле најмалку 29 сириски бунтовници кои ги поддржува Турција, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Опсерваторијата навела дека експлозијата се случила на преминот Атме, од сириска страна и оти покрај загинатите има и десетина повредени.

Агенцијата „Амак“, која е дел од пропагандата на ИД, јавува дека бомбаш-самоубиец погодил конвој на бунтовниците кај селото Атме, на сириска територија.
Заменик-премиерот на Турција, Ниман Куртумулу, го опиша нападот како „злостор против човештвото“.