Свет ИД убива цивили во Мосул, тврдат ОН

ИД убива цивили во Мосул, тврдат ОН

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека милитантите на Исламска држава во Мосул убиваат цивили кои одбиваат на нивните покриви да се постават снајпери или ракетни фрлачи.

Ова на новинарите им го соопшти портпаролката на ОН во Женева, Равина Шамдасани, која потврди повеќе убиства од 11 ноември.

Таа, исто така, истакна дека меѓу убиените има и едно седумгодишно дете, кое трчало на улица во источниот дел на Мосул.

Ирачките сили и сојузниците водат голема офанзива за ослободување на Мосул, последното големо упориште на милитантите во Ирак.