Видео ИД објави снимка на која дете убива наводни руски шпиони

ИД објави снимка на која дете убива наводни руски шпиони

Сунитската екстремистичка група Исламска држава објави седумминутен видеозапис во кој мало дете со пиштол ликвидира двајца мажи, обвинети дека се руски шпиони.

Убиените, по распитот, се обвинети дека се инфилтрирани во ИД за да шпионираат, по што десетгодишното момче, по наредба, ги застрелува.