Свет Свет ИД објави фотографии од камп во Авганистан

ИД објави фотографии од камп во Авганистан

Исламска држава објави серија фотографии на кои ги покажува своите најнови регрути како вежбаат во кампови во Авганистан. Иако лицата им се прекриени, се шпекулира дека меѓу нив може да има и деца.

Фотографиите прикажуваат дваесетина млади мажи кои минуваат низ серија тешки вежби. Со фотографиите е објавена и порака дека станува збор за „први обучени војници на калифат Корасан“.

ИД со тоа го претстави својот новооснован калифат Корасан, древен исламски регион кој опфаќа делови од Авганистан, Пакистан, Иран и од Индија.

Терористичката организација во изминатите недели претрпе голем број загуби во руските воздушни напади, а голем број борци на ИД настрадале и во судирите со ривалските групации.