Свет ИД најмногу се финансира од продажба на нафта

ИД најмногу се финансира од продажба на нафта

Четириесет и три отсто од месечните приходи на Исламска држава доаѓаат од продажба на нафта, покажуваат податоците на Информативно-аналитичарскиот центар „Ај-Ејч-Ес Џејнс“.

– Месечните приходи на терористичката групација ИД се околу 80 милиони долари. Околу 50 проценти од приходите доаѓаат од даночните давачки и од конфискувањата, кои ИД ги спроведува во териториите што се под нејзина контрола. Другите 43 отсто се од продажба на нафта – се наведува во извештајот.