Свет ИД ликвидирала 30 цивили

ИД ликвидирала 30 цивили

Екстремистите на Исламска држава погубиле најмалку 30 цивили, вклучувајќи и две деца при напад на селото Мабујех во централната провинција Хама, која е под контрола на владините сили, соопшти директорот на сириската Организација за заштита на човековите права.

Како што јавуваат светските медиуми, ИД ги погубила лицата, запалувајќи ги, сечејќи им ги главите и со стрелање.

Сириската државна телевизија соопшти дека владините сили спречиле терористички напад во селото. Нема информации за евентуални жртви.