Свет ИД ги спречува цивилите да го напуштат Рамади

ИД ги спречува цивилите да го напуштат Рамади

Милитантите на Исламска држава ги спречуваат цивилите да го напуштат Рамади во пресрет на нападите што ги планира ирачката армија за да ја врати контролата над овој град, кој исламистите го зазедоа во мај годинава, соопшти портпаролот на ирачкото министерство за одбрана, Насер Нури.

– Тие планираат да ги користат жителите на градот како жив штит – додаде Нури.

Властите во Багдад ги добиле информациите од семејства што успеале да побегнат од градот.

Ирачките борбени авиони вчера фрлаа летоци во Рамади, во кои се повикуваат жителите да го напуштат градот во следните 72 часа, кои ги означиле како безбедни за повлекување.

Ирачките разузнавачки служби проценуваат дека во Рамади се сместени меѓу 250 и 300 екстремисти.