Македонија И во Дојран ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

И во Дојран ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Советот на Општина Дојран вчера едногласно ја поддржа граѓанската иницијатива за одржување на референдум за рудникот за бакар во Казандол. Општинскиот референдум ќе се одржи на 11 јуни и на него ќе може да учествуваат сите полнолетни граѓани на општина Дојран, запишани во Избирачкиот список.

Покрај за Казандол, граѓаните ќе го кажат својот став и за евентуално отворање нови рудници во иднина на територијата на општина Дојран.

Одлуката на советниците за одржување на референдум во Општина Дојран доаѓа само една недела по идентичниот потег на советниците во Општина Богданци.